Search

Зидан: Нема промена во ситуацијата со Бејл

Нема промена во ситуацијата со Герет Бејл. Ова го објави Зинедин Зидан на неговата прва прес-конференција по почетокот на подготовките.

За велшкиот репрезентативец се бара клуб, но никој не го сака неговиот потпис, а и тој самиот нема намера да замине сé додека има договор за уште три сезони и огромна плата.

– Нема проблем со Бејл. Никогаш нема да кажам дека еден играч е проблем за тимот. Сè може да се случи. Ќе видиме. Тој има договор со нас и нема промени од јуни, изјави Зидан пред натпреварот со Баерн од „Интернационал чемпионс Куп”.

Французинот, исто така, коментираше и за други работи во врска со тимот.

– Среќен сум затоа што подготовката оди добро. Момчињата работат со расположение и така мора да биде. Ни недостасува физичка подготвка, но ова е логично. Доаѓаме да играме, но знаеме што сакаме да постигнеме и имаме време. Погба? Клубот знае што сака, па ќе видиме. Сега размислуваме за претстојните дуели. Кубо се адаптира одлично и се чини како да е со нас долго време. Сите играчи заслужуваат почит и се трудам да бидам искрен со нив. Азар имаше потреба да дојде кај нас, и ние сме сигурни дека тој ќе стане уште подобар, рече Зидан.

Треба да знаете
Последни објави