Search

Зеќирја Ибрахими: И да ме предложат, нема да прифатам да бидам министер

Зеќирја Ибрахими: И да ме предложат, нема да прифатам да бидам министер

„Јас нема да ја прифатам функцијата министер дури и да ме предложат“, е одговорот Зеќирја Ибрахими, член на Централното раководство на Беса од крилото на Африм Гаши, на прашањето дали се вистинити информациите на медиумите дека тој ќе биде следниот министер за култура, објави Порталб.мк.

-Се уште не сме стигнале до таа фаза, но јас нема да бидам министер, дури и ако ме предложат, изјави Ибрахими за Порталб.

Инаку, Ибрахими беше еден од имињата кои сешпекулира во медиумите дека ќе добие министерско место, како резултат ако неговата партија се приклучи на владиниот кабинетот. Преговорите се во завршна фаза, а се очекува денес да се потврди дали тие ќе ја прифатат понудата која им ја даде премиерот Зоран Заев. Иако се уште нема детални информации што содржи понудата, во медиумите кружи информација дека Заев на движењето Беса на крилото на Гаши, му го понуди Министерството за култура.

Во разговори се и ДПА, кои, исто така, известија дека денес ќе дадат информации за тоа дали ќе влезат во владата или не. Разговорите за реконструкција на владата се предупредени од ноември минатата година, додека Беса на Билал Касами во саботата ги прекина разговорите.

Треба да знаете
Последни објави