Search

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на мексичкиот регион Чијапас, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 119 километри југозападно од Сучијате, на длабочина од 10 километри, пренесе „Ројтерс“.

Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави