Search

Земјотрес почувствуван во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино и Кавадарци

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево информираше дека денеска во 08:50 часот бил почувствуван земјотрес од населението на Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината. 

Епицентарот на земјотресот бил на 123 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа. Почувствуван е со Рихтерова локална магнитуда 3,1 и интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. 

Треба да знаете
Последни објави