Search

Земјотрес го потресе Истанбул

Југозападниот дел на Истанбул денеска го потресе силен земјотрес, со интензитет од 4,7 степени според Рихтер. По него следел втор потрес со иста јачина.

Првиот земјотрес е регистриран на длабочина од околу 10 километри во Мраморното Море, а вториот во реонот на Силиври, исто така во Мраморното Море.
Засега нема извештаи за загинати или материјална штета.

Само неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 5,7 степени беше регистриран на 130 километри јужно од грчкиот остров Крит во Средоземното Море. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Треба да знаете
Последни објави