Search

Земјоделците предизвикаа силни пожари во Амазонија, гори Индонезија, Сингапур и Малезија се задушуваат

Шумски пожари ги зафатија Суматра и Калимантан изминативе неколку недели. Уништени се повеќе од 930.000 хектари земја и евакуирани се илјадници жители. Исто така, 9.000 луѓе во моментов се обидуваат да се справат со пожарот, пренесува Си-ен-ен.

Сингапур и Малезија, кои се наоѓаат во близина, веќе неколку дена се задушуваат токму поради овие пожари. Квалитетот на воздухот достигна крајни граници и е опасен по здравјето на луѓето.

Според првичните истраги, пожарите биле предизвикани од земјоделците кои на тој начин ги чистат посевите ширум светот. Ова е причината за појава на катастрофалните пожари во Амазонија.

Националната агенција за природни катастрофи од Малезија дистрибуираше половина милион маски за лице на своите граѓани, откако огромниот чад од пожарите што ја зафатија Индонезија се шири кон соседните земји. Затворени се дури 409 училишта.

Во последните 24 часа, дури 11 од вкупно 16 малезиски региони имаа покачен индекс на загадување на воздухот означен како „нездрав“. Еден од нив дури има и „многу нездрав“ воздух во моментов.

Треба да знаете
Последни објави