Search

Здружение БПБ Штип: Во чиј интерес работи РКЕ

Здружението на брендирани и приватни бензиски пумпи БПБ Штип смета дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со совите одлуки ги уништува  компаниите кои легално работат во нафтениот бизнис во државата и прашува во чиј интерес работи РКЕ.

-Во време кога економијата е пред колапс, РКЕ како намерно да носи одлуки кои ќе им наштетат нанашите домашни компании и не им дава никаков поттик во овие тешки времиња, велат од Здружението и како пример ја посочуваат Одлуката за определување на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт.

Прашуваат како РКЕ можеше да ја зголеми цената на електричната енергија за 7,4 отсто и дали тогаш не се водеше од интересите на граѓаните.

-Смешни и неиздржани се наводите на РКЕ дека со либерализацијата на пазарот ќе се предизвика ценовен шок затоа што во минатото, кога ние трговците сами ги определувавме цените не се случи ништо такво, порачуваат од Здружението.

Треба да знаете
Последни објави