Search

Здравствени проблеми причина за предвремено збогување со фудбалот на Ејупи

Македонскиот фудбалски интернационалец, актуелен член на хрватскиот Славен Белупо, Музафер Ејупи поради здравствени причини предвремено му кажува збогум на фудбалот. Напаѓачот кој не така одамна за своите добри и ефикасни игри во дресот на Осиек доби и репрезентативна покана на 31 година е принуден да замине во фудбалска „пензија“.

Оваа вест ја овбелодени клубот од Копривница, а ја потврди и самиот Ејупи.

– Физички и психички сум навистина уморен. Здравствените проблеми низ кои поминував и низ кои поминувам оставија трага на мене. Иако, што се однесува до тоа, фала му на Бога, се е под контрола и стабилно, тоа не е доволно на тренинзите и натпреварите да бидам на нивото на кое бев. Шест месеци во клубот давав навистина се, до последниот атом на силата, но не одеше. Здравјето е нешто што мора најмногу да го цениме, така што почувствував дека ова е моментот кога треба да кажам збогум на фудбалот, гласи изјавата на Ејупи за клупската страница на Славен Белупо.

Како што вели Ејупи, здравствените проблеми се појавиле во најлошиот момент од неговата кариера, кога бил на највисоко ниво.

– Никогаш не зборував за тоа. Но, се ми се случи во најлош можен момент. Кога играв најубав фудбал, ми беше одлично во Осиек и верував дека чекорев кон голем трансфер. За жал, се случија проблемите со бубрезите по кои ништо не беше исто. Некогаш не ми беше проблем да одиграм два натпревари во еден ден, а сега една интензивна вежба ми е многу проблематична – открива Ејупи.

Треба да знаете
Последни објави