Search

Здравко Чолиќ: Ги пофали Брена и Драгана, а за Цеца го кажа ова

Зборуваше за пејачките кои сами го изоделе својот пат до популарноста…

Поп пејачот Здравко Чолиќ ги цени пејачките кои сами го оделе патот до популарноста и постигнале успех без ничија помош, а смета дека Цеца Ражнатовиќ не спаѓа во таа група. Меѓутоа, таа го има „она нешто“.

Чола истакнува дека неговата фолк колешка имала голема помош. На прашањето на водителот што мисли за колешките Драгана Мирковиќ, Лепа Брена и Цеца, пејачот за секоја посебно кажа:

„Драгана Мирковиќ ми е пријателка, таа отсекогаш се борела сама, го обожувам нејзиното пеење и прашање на време е кога ќе се појави некоја песна за нас двајца. Лепа Брена ја сакам многу, тоа е силна жена и жена која успехот го постигнала сама. Постојат жени на естрадата кои со сопствена заслуга изградиле кариери, а тоа се Тереза Кесовија, Лепа Брена и Неда Украден. Тие сами издражале се и сешто. И Цеца е тука, но таа е друга приказна, таа имаше голема помош“ – изјави познатиот пејач, иако не сакал конкретно да каже од кој имала помош Цеца.

Преземено од Фактор

Треба да знаете
Последни објави