Search

Здравев за МИА: Загрижени сме за состојба со Ковид-19, дискутираме за одржување на онлајн судења

Одложување на судските рочишта како резултат на последната состојба се дискутира да се заменат со онлјан судења, изјави за МИА, претседателот на Судскиот совет на РСМ, Киро Здравев. Меѓутоа тој нагласува дека тука постои еден проблем поради тоа што не може да се спроведе онлајн судење ако на тоа не се согласи обвинетиот.

– Мора во иднина да се менуват процесните закони за да може да се предвиди можност и за онлајн судење. Ние сите сме загрижени за состојбата, ни пречи на сите и на Судскиот совет и на судиите, и на претседатели на судови. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба, вели Здравев за МИА.

Моментално не се дискутира за одложување на судските рочишта како што беше пример во месеците март, април и мај, но бараме решенија за онлајн судења. Меѓутоа и тука наидуваме на проблеми, поради тоа што не можеш да спроведеш онлајн судење ако не се согласи обвинетиот на тоа. Мора во иднина да се менуваат процесните закони за да може да се предвиди можност и за онлајн судење. Ние сите сме загрижени за состојбата, ни смета на сите и на Судскиот совет и на судиите, и на претседатели на судови. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба.

Освен законските пречки за одржување на онлајн судења, друг проблем со кој се соочуваат судовите ако веќе се создават услови за ваков начин на судење е фактот дека поголемиот дел од судовите во државата не се технички опремени за вакви постапки.

Заради новонастаната ситуација претседателот Здравев истакнува дека ќе побараат средства од  Министерството за финанси и преку донаци за да судовите бидат технички опремени за онлајн судења.

-Знаеме дека сите судови не располагат со опрема, ама очигледно е дека ќе мора да водиме сметка и затоа да се обезбедат доволно средства од државата за да можеме и ние да постапуваме и да судиме. Одложуањата ни сметат и на нас, се пролонгира постапката. Можеби на некој обвинети тоа му одговара, меѓутоа сме во тешка состојба кога не можеме да постапуваме. Бараме решенија па ќе видиме како ќе биде, изјави Здравев.

Инаку, зголемениот број на новозаразени од Ковид-19, рефлектираше и неколку судски постапки во Кривичен суд Скопје. Во дел од предметите иницирани од поранешното СЈО, како што се „Тврдина-Таргет”, „Тортура” и „Титаник” следените недели нема да се одржат рочиштата од причина дека обвинетите Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер се позитивни на Ковид-19. Минатата недела се одложи и судењето за „Организаторите на 27 април”, заради изолација на обвинетите Трајко Велјановски и Спиро Ристовски.

Треба да знаете
Последни објави