Search

Зголемен бројот на убиени медиумски работници во светот во 2018 година

Во светот бројот на убиствата и нападите на новинари и медиумски работници е зголемен во 2018 година, по падот во претходните шест години, соопшти Меѓународната федерација на новинари.

Во годишниот извештај се наведува дека во 2018 година во светот биле убиени 94 работници во медиуми, 12 повеќе од претходните години. Најмногу новинари и медиумски работници оваа година настрадале во Авганистан.

Новиот извештај покажува дека новинарите се соочуваат со опансости независно од ризикот на извештаите од воените зони и од екстремистичките движења.

Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“, доби најголемо внимание во јавноста оваа година.

Треба да знаете
Последни објави