Search

За шест часа фатени сто пијани возачи во Скопје

На 23/24.11.2019 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на територијата на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во содејство со полициски службеници од други сектори и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи, спроведоа акциска контрола во патниот сообраќај за откривање на возачи кои управувале возила под дејство на алкохол.

Притоа, санкционирани се 100 возачи, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 51 останат прекршок за што се изречени соодветни санкции.

Треба да знаете
Последни објави