Search

За трипати зголемен бројот на заболени од мали сипаници во Европа

Во Европа бројот на заболени од мали сипаници во претходните две години е зголемен за трипати и според податоците на Светската здравствена организација, изнесува околу 82 илјади.

Од СЗО соопштија дека тоа е рекорд во оваа деценија.

Како што пренесе Би-би-си, додека бројот на вакцинираните се зголемува, СЗО наведува дека покриеноста не е доволна за да се спречи кружење на вирусот во голем број земји.

Украина минатата година забележа најголем број заболени, а веднаш зад неа се наоѓа Србија. Повеќе од 90 отсто од овие случаи се забележани во само дест земји, вклучувајќи ги Франција, Италија, Грција и Албанија.

Лани се забележани 72 смртни случаи, додека една година претхоно бројката изнесувала 42.

Треба да знаете
Последни објави