Search

За пет дена Апелација два пати го менувала мислењето за Јанева, прво да остане во притвор, а потоа да оди дома

На 14.11. судот сметал дека Јанева може да биде здравствено третирана во притвор, а на 19.11. дека и` треба терапија и хигиена во домашни услови, тврдат извори од судот. Што се сменило во тие пет дена? Во рок од пет дена Апелацискиот суд донел две различни решенија за барањето на Јанева за укинување на мерката притвор, тврдат за Дојче веле извори од овој суд. Според нив, Советот на Апелацискиот суд во решение од 14-ти ноември ги уважил аргументите на првостепениот суд кои се однесуваат на наводите на адвокатите за влошена здравствена состојба на Катица Јанева судот тогаш оценил дека првостепениот суд правилно одлучил дека тие наводи се неосновани, бидејќи врз основа на доставената медицинска документација, било утврдено дека обвинетата Јанева може здравствено да биде третирана во установата каде ја издржува меркта притвор.  Притоа, доколку има потреба – таа дополнително ќе биде упатена и во здравствена установа, со што во ниеден момент не се повредува правото на нејзина здравствена заштита. Но, само пет дена подоцна, Советот на Апелацискиот суд го сменил ставот во однос на наводите за нејзината здравствена состојба и решил да ја пушти во домашен притвор. Зошто и како – засега нема одговор.

Треба да знаете
Последни објави