Search

За обновување на летовите на „Емирејтс Ерлајнс” потребни четири години

Претседателот на „Емирејтс Ерлајнс”, Тим Кларк изјави денеска дека на авиокомпанијата ќе и бидат потребни четири години за да ја обнови мрежата на летови, која е речиси уништена поради пандемијата на новиот коронавирус.

– Веројатно во текот на 2022/23 и 2023/24 година ќе знаеме дали работите во извесна мерка се вратени во нормала и тогаш ќе биде познато дали „Емирејтс” успешно работи со мрежа на летови како претходно, истакна Кларк.

Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, сообраќаше на 157 дестинации во 83 земји пред да ги приземји своите авиони во март, нудејќи оттогаш ограничени услуги.

Треба да знаете
Последни објави