Search

За колку пари Трамп би можел да го купи Гренланд?

Претставниците на Гренланд, автономната територија на Данска, инсистираат на тоа дека нивниот дом не е на продажба, а идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи од данската влада  ја отфрлаат како шега. Сепак, колку може да вреди дом окован во мраз на 54.000 жители?

По објавата на Трамп дека размислува за купување на Гренланд, Си-Ен-Ен пресметал дека најголемиот остров во светот денес би можел да чини околу 1 милијарда долари. До оваа сума дошле преку старата понуда на американската влада од 1946 година кога тогашниот претседател Хари Труман понуди 100 милиони долари злато за сопственост на Гренланд. Таа сума, прилагодена на инфлацијата денес, изнесува околу 1,3 милијарди американски долари.

Малку се знае за мотивите на Трамп за купување на островот населен со Инуити. Некои експерти тврдат дека американскиот претседател и поранешниот магнат на недвижнини фрлил око на  нивните неискористени нафтени, гасни и минерални ресурси.
Експертите исто така забележуваат дека цената на Гренланд не е само во нејзината куповна цена. Тоа е дом на 56.000 луѓе кои главно се знимаваат со риболов и имаат стапка на невработеност од девет проценти. Таа особено е изразена кај младите, а Гренланд во голема мера зависи од данските грантови со кои ја одржуваат својата економија.

Вреди да се спомене дека ова не е прв пат САД да ја прошируваат својата територија на овој начин. Со Данците работеа и во 1917 година, кога ги купија Девствените острови за 25 милиони долари во злато, што е еквивалентно на 500 милиони долари денес. Исто така, ја купиле Алјаска од Русија во 1867 година за 7,2 милиони американски долари, како и областа што сега ја зазема државата Луизијана за 15 милиони долари од Франција.

Треба да знаете
Последни објави