Search

За една година во Царина 1.119 вработувања и 475 унапредувања

Царинската управа лани вработила 1119 лица, од кои двајца функционери и над 1.000 царински службеници. Во Годишниот извештај на Царинската управа до кој дојде 24 инфо стои дека во истиот период лани унапредила дури 475 вработени. Од нив 293 унапредувања се во Централната управа, а 182 во царинарниците.

На крајот на декември 2018 година во Царинската управа се вработени се 1.119 лица- стои во извештајот на Царината за 2018 година. Од вкупниот број вработени 2 лица се со статус на функционери функционери ункционери (директор и заменик), 1.012 лица се со статус на царински царински службеници согласно Законот за Царинската управа. Од нив 11 лица се со статус на административни службеници согласно Законот за административни службеници и 94 лица се состатус на работници Законот за работни односи.

Во однос на стручната подготовка, 3 вработени се докторина науки на, 49 вработени се магистри, 648 се со високо образование, 13 се со вишо образование,  383 се со средно образование образование образование и 23 вработени се со образование од друг вид. Ова значи дека 62,55% од вкупниот број вработени во Царинска управа се со високо образование.

Во 2018 година во Царинската управа се извршени вкупно 293 унапредувања. Во Централна управа унапредени се 111 царински службеници: 9 царински службеници на работно место помошник директор, 23 царински службеници на работно место началник, 6 царински службеници на работно место управник, 19 царински службеници на работно место шеф на служба, 16 царински службеници на работно место самостоен советник, 4 царински службеници на работно место советник, 18 царински службеници на работно место инспектор, 7 царински службеници на работно место систем-инженер, 1 царински службеник на работно место главен инспектор, 2 царински службеници на работно место виш инспектор, 1 царински службеник на работно место помлад инспектор и 5 царински службеници на работно место оператор.

Во истиот период во царинарниците унапредени се 182 царински службеници: 4 царински службеници на работно место помошник управник, 62 царински службеници на работно место шеф на царинска испостава, 6 царински службеници на работно место шеф на служба, 3 царински службеници на работно место водител на отсек, 15 царински службеници на работно место виш цариник контролор, 41 царински службеник на работно место водач на смена, 24 царински

службеници на работно место водител на смена, 9 царински службеници на работно место самостоен советник, 1 царински службеник на работно место виш цариник и 17 царински службеници на работно место цариник.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави