Search

За еден ден полицијата открила 27 нерегистрирани возила

Во текот на 18.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 27 возила, од кои пет возила бидејќи биле технички не исправни, 21 возило бидејќи било нерегистрирано и едно возило поради претовар. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престигнување, 12 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 99 мандатни платни налози, а 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

Треба да знаете
Последни објави