Search

Затвореник почина во болница

Затвореник од „Идризово“ почина вчера во болница, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 11 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 6.30 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” починал В.М.(54)-затвореник во Казнено-поправната установа „Идризово“.

На затвореникот завчера околу 16 часот му се слошило и бил однесен во Ургентниот центар.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.

Треба да знаете
Последни објави