Search

Зариф тврди дека Помпео се обидува да ги одложи визите за иранската делегација на ОН

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека американскиот државен секретар, Мајк Помпео, се обидува да го одложи издавањето визи за иранската делегација на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации.

„Помпеоп се обидува да ја избегне обврската на САД да издаде визи за делегатите на ОН со тоа што ќе прибегне кон неосновани ознаки“, напиша Мухамед Џавад Зариф на „Твитер“. Тој не појасни дали одложувањето е поврзано со тоа што САД го стави Зариф на својата црна листа на крајот на јули.

„Лекција по историја за мојот почетник колега: Нелсон Мандела беше на американскиот список на терористи до 2008 година; 15 години по добивањето на Нобеловата награда за мир“, додаде Зариф.

Треба да знаете
Последни објави