Search

Зариф се обидува да го зачува нуклеарниот договор

– Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф ги продолжува интензивните дипломатски обиди за да го зачува нуклеарниот договор на Иран со светските сили во време на се поголема криза во односите помеѓу Техеран и Вашингтон.

Според иранската новинска агенција ИРНА, Зариф за време на посета на Кина ја критикувал меѓународната заедница истакнувајќи оти „главно давала изјави наместо да го чува договорот”.

Односите помеѓу Вашингтон и Техеран  дополнително се влошија откако Иран на 8 мај најави делумно повлекување од нуклеарниот договор од 2015 година, една година откако САД се повлекоа од спогодбата. Иранскиот претседател Хасан Рохани на европските лидери им даде рок од 60 дена до 7 јули да изнајдат начин да го заштитат Иран од американските санкции или во спротивно Техеран нема да ги продава резервите збогатен ураниум во странство и ќе ја интензивира преработката на ураниум.

САД минатата недела испратија носач на авиони „Абрахам Линколн”, единица бомбардери Б-52, амфибискиот воен брод „Арлингтон ЛДП-24″ во Персиски Залив, а исто така соопштија дека ќе распоредат системи за противвоздушна одбрана со долг дострел „Патриот”во зоната на Централната команда на армијата на САД (ЦЕНТЦОМ), првенствено задолжена за Блиски Исток и Централна Азија.

Распоредувањето на оружје, според Пентагон, е „одговор на индикациите за зголемена подготвеност на Иран да изведе офанзивни операции против воените сили на САД и американските интереси”.

Треба да знаете
Последни објави