Search

Зариф до Трамп: Обидете се со почитување – тоа успева

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска упати критики до американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата синоќешна објава на Твитер дека „евентуален конфликт ќе биде официјален крај за Иран”, порачувајќи му „да се обиде да покаже почитување”.

Зариф, исто така на Твитер, оцени дека Трамп е „втурнат во геноцидни забелешки” и дека се обидува да го постигне она „што не успеале Александар (Македонски), Џингис (Кан) и останатите агресори”.

– Иранците одолеваа со милениуми, додека агресорите исчезнуваа. Обидете се со почитување – тоа успева”, додаде Зариф во својот твит.

Трамп синоќа повторно му се закани на Техеран, порачувајќи му дека евентуален конфликт ќе биде официјален крај за Иран.

– Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД, напиша Трамп на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави