Search

Запуштен простор ќе стане урбан парк во Кисела Вода

Градоначалниците на Општина Кисела Вода и на Град Скопје, Филип Темелковски и Петре Шилегов денеска направија увид во работните активности за изградба на нов парк, лоциран во урбаната заедница „11 Октомври бараки”.  

„Покрај инвестицијата што градот Скопје ќе ја направи во парковското уредување, ние како Општина партерно ќе го уредиме просторот заедно со детско игралиште и парк за миленичиња така што овој парк ќе биде една целина, која што ќе може да ја користат сите граѓани од сите возрасти” – изјави градоначалникот Филип Темелковски.

Градоначалникот Темелковски истакна дека е благодараен на Градот Скопје за сите досегашни инвестиции на територијата на Општина Кисела Вода. Градоначалникот нагласи дека и во иднина преку соработка со Градот ќе продолжи разубавувањето на општината.

Градоначалнкот Петре Шилегов изјави дека на површината која беше голема дива депонија и запуштен простор граѓаните ќе имаат нов урбан парк кој ќе биде партерно и хортикултурно уреден, место каде што тие ќе рекреираат и шетат со своите дечиња. Градоначалникот Шилегов нагласи дека паркот ќе имаа детско игралиште и истиот ќе го збогатат 500 нови садници, од кои 350 листопадни и 150 зимзелени дрва.

​Општината во соработката со Градот Скопје, на 16.000 м2 ќе направи нова зелена површина која ќе се наводнува со современ автоматски систем. Покрај зеленилото, наскоро најголемата напуштена површина ќе ја збогати нова урбана опрема. Ќе бидат поставени клупи и летниковци за одмор и дружба, за најмладите жители на Општината ќе биде изградено ново детско игралиште, а со цел за развивање на спортот во план е да се направат и фитнес зони. Додека и за сопствениците на миленици ќе биде изграден парк.

Локалната самоуправа во соработка со Агенцијата за млади и спорт, во должина од повеќе од 2 километри целосно ќе ја реконструира трим патеката, која почнува од влезот на Кисела Вода и завршува на булеварот Србија, во Општината Аеродром. Во периодот што следува нов парк ќе биде изграден и во урбаната заедница „Цветан Димов”.

По завршувањето на градежните работи граѓаните ќе имаат место плус за спортски активности и релаксација.

Треба да знаете
Последни објави