Search

Започнува „Thessaloniki Helexpo Forum” на местото на откажаниот Меѓународен саем во Солун

Од денеска до 20 септември во Солун ќе се одржи „Thessaloniki Helexpo Forum”, политичко – економски форум на местото на откажаниот традиционален Меѓународен саем, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓународниот саем во Солун секоја година е домаќин на странски изложувачи, учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, додека пак започнува со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма и следните планови.

Оваа година, наместо саемот ќе се одржи форум, но нема да изостане обраќањето на премиерот.

Политичкиот дел започнува утревечер со говор на Кирјакос Мицотакис, кој во недела ќе ја одржи и традиционалната прес конференција, секако прилагодена на новите услови поради пандемијата.

Во текот на следната седмица свои обраќања ќе имаат и лидерите на грчките политички партии, а форумот ќе заврши следниот викенд со говор и прес конференција на претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Меѓународниот саем во Солун, кон средината на август беше и официјално откажан поради коронавирусот, а оваа година почесна земја требаше да биде Германија.

Треба да знаете
Последни објави