Search

Започна снимањето на новата сезона на „Преспав“

Во 2020- та година со 20та епизода заврши 5-тата сезона на серијата „Преспав“ која ја освои македонската публика, а фановите со нетпрение очекуваат да започне новата, шеста сезона.

Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали.

Фановите на серијата често прашуваа дали ќе има шеста сезона на омилената македонска серија, а неодамна се огласија од пансионот прашувајќи ги корисниците на „Инстаграм“ дали за новото продолжение да користат „сезона 06“ или „шеста сезона“.

Деновиве, актерите, Тијана Дапчевиќ, Васил Зафирчев, Дритон Вејсели, Игор Ангеловски, Горан Стојановски, Игор Џамбазов, Адриан Азири се вратија на сет и започнаа со снимањето на новите епизоди.

„Минатата година, во лавиринтите на пандемијата, совладувајќи голем предизвик, успешно ја снимивме петтата сезона, што ни даде особена мотивација да продолжиме понатаму. Со тој ветер во грбот, оваа сезона ќе ја реализираме по најдобри сценарија досега, потпирајќи се на интернационалниот сценаристички тим, како и на секој поединец вклучен во продукцијата на Преспав, вели продуцентот, Пеце Талески.

На „Инстаграм профилот“ на „Преспав“  објавија фотографии од претходната сезона и обзнанија дека започнале со снимањата.

„Преспав 6та сезона или 5 сезони повеќе одошто очекувавте! Започна снимањето на новата сезона на ТВ серијата “Преспав”, која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век, најголем успех и собра “армија од фанови”.

Актерот Васил Зафирчев кој ја игра улогата на готвачот Марио на својот „Инстаграм“ објави фотографија со неговата колешка Јелена Јованова која ја игра улогата на Јелена од Драчево, а и тој во описот напиша дека започнале со снимања.

Тој исто така во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од снимењето со Тијана Дапчевиќ (Ула) и Игор Стојчевски (Тони)

Eмитувањето на новата сезона се очекува да биде кон средината на декември на МРТ.

Инаку, освен добро познатата екипа на актери, во петтата сезона на „Преспав“, имавме прилика да погледнеме 20 незаборавни епизоди во кои исто така имавме прилика и да видиме нови актери, како што се стилистката Натали, актерот Владо Јовановски, а во актерска улога се проба и Сара Мејс, меѓу сите нив се најде и манекенката Катарина Ивановска. Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.

Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.

Треба да знаете
Последни објави