Search

Започна есенското чистење на Ѓорче Петров- се отстрануваат диви депонии на Шарпланинска

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје денеска започна акција за генерално чистење на општината Ѓорче Петров. Екипите на Претпријатието вршат расчистување на неколку големи диви депонии лоцирани на двете страни од улицата Шарпланинска, а истовремено се спроведува рачно и машинско миење и метење на улиците.

Во рамките на своите есенски акции, ЈП „Комунална хигиена” –Скопје продолжува и со активностите за чистење на дворовите на образовните институции, додека во текот на денешниот ден беше организирано и еко-предавање во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски”. Учениците ги поздравија градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Наумовски и  помошник – директорот на ЈП „Комунална хигиена” –Скопје, Етула Амети, коишто разговараа со нашите најмлади сограѓани како правилно и совесно да постапуваат со отпадот.

Треба да знаете
Последни објави