Search

Запленети 300 метри мрежи со уловена белвица кај Струга

На 15.03.2019 во периодот од 19.30 до 23.30 часот, при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од  Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, во близина на хотел во Струга, околу 600 метри од брегот на езерото, пронашле шест  рибарски мрежи долги по околу 50 метри со улов од риба – охридска Белвица.

Исто така, на околу 1000 метри од брегот на езерото биле пронајдени две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов. Риболовниот алат бил подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави