Search

Запален билборд во Грачаница со натпис „Името на слободата е ОВК“

Граѓаните на Грачаница каде што живее мнозинсво граѓани со српска националност во знак на револт запалија еден од билбордите со натпис „Името на слободата е ОВК“.

По инцидентот се огласи вицепремиерот на Косово, Горан Ракиќ кој рече дека не бил нформиран за настанот и дека тој не би дозволил вандализам.

Палењето на билбордот со амблемот на ОВК според заменик-претседателот на општинското собрание, Гранит Гаши значи намерно поттикнување меѓуетнички конфликт за што го обвини градоначалникот на оваа општина Срѓан Поповиќ.

„Причината не беше да се запали билбордот, туку да се предизвика поттикнување на насилство меѓу етничките групи кои живеат во општина Грачаница. „Претседателот Поповиќ даваше провокативни изјави веќе неколку дена.“ изјави Гаши за косовските медиуми.

Билбордите „Името на слободата е ОВК“ на кој во дизајнот е и логото на Ослободотелната војска на Косово се поставени на целата територија на оваа земја.

Креаторот на слоганот „Слободата има име“, Исмајл Ташоли најостро го осуди палењето на билбордот. велејќи дека зад овој чин стои официјален Белград.

Тој на прес-конференција рече дека слободата не треба да спречува никого, но палењето на билбордот „Името на слободата е ОВК“ го направи Белград, бидејќи на нив секогаш им пречеше борбата на Косово за слобода.

Треба да знаете
Последни објави