Search

Заев: Југославија ги држеше Македонија и Бугарија разделени, Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците

Премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“ рече дека политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени, како и дека Гоце Делчев е револуционер, и за Бугарите, и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и Одринско и тоа е апсолутна реалност.

-Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивш Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик?“, прашa Заев и уште еднаш повтори дека Југославија нè разделувала.

Тој кажа дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“ и вели дека Бугарите не се фашисти, туку нашите пријатели.

Заев тврди дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје.

-Имало некоја администрација во тој момент, на почетокот. Потоа Бугарија се дигна заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и неспорно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваа територии – Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје. И тоа е еден убав дел од нашата историјата, кажа Заев во интервјуто.

На забелешката од новинарот дека не треба да има никаков проблем да се каже како се чувствувал Гоце Делчев, Заев вели.

-Така е. Ние ги имаме книгите, и тие книги треба да се објават и историчарите тоа да го потврдат, и целото тоа треба да го направиме на најубав начин – како да станеме уште подобри пријатели, уште повеќе да соработуваме, кај младите луѓе да створиме плус атмосфера за да го користат тоа минато како скалило за подобра иднина, објаснува Заев.

Треба да знаете
Последни објави