Search

Заев: Јас верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе не обединат

Заев: Јас верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе не обединат

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се најде заедничко решение меѓу власта и опозицијата и дека мнозинството ќе расте.

Јас ветив на пратениците дека ке имаме инклузивен процес, па така ние од Влада ќе дојдеме во Парламентот со отприлика скицираните очекувања од самите амандмани согладно Договорот од Преспа и заедно ќе седнеме, и од власта и од опозцицијата да ги скицираме и да ги направиме нацрт-амандманите  и верувам дека ќе го направиме тоа за помалку од 15 дена, изјави Заев.

Сите овие амандмани јас се надевам дека во иднина ќе не обединат зашто тоа ќе ја гарантира иднината на нашата земја, додаде Заев.

Треба да знаете
Последни објави