Search

Заев: Со засилени активности од сите против дивокрадците

Премиерот Зоран Заев апелира сите да пријавуваат бесправна сеча и кражба на дрва со цел да се искорени оваа незаконска појава со редица последици и тврди дека сите институции  преземаат активности  за фаќање и санкционирање на дивокрадците.

На денешната промоција на владината мерка за ваучери за инвертори  Заев потенцираше дека податокот дека милион и сто илјади квадратни метри од дрвата се од дивокрадци е од 2016 година, но оти не значи дека и денес ја нема таквата појава.

– Правиме секаков вид процедури и постапки за фаќање на дивокрадците. Еден дел од  постапките и предметите во судовите е токму за крадење дрва. Се одземаат самари, коњи, запрежни коли, трактори, има и со шлепери. Правиме напори  на сите страни, работиме со народ. Сите стратегии и аспекти на државата, како Влада, како Парламент, институции  се до крај  откоренување на ова криминално дејствување на поединци во државата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Секој  кој е фатен, дополни,  е процесуран да си одговара, а се прават напори  да не се дозволи директно државните институции да даваат мотивација, туку  само да преземат поголеми чекори за отстранување на ова зло изразено во перифериите на населените места, селата, особено во ридско планинските места,  но и во градовите.

– Колку и да е евтино загревањето со инвертор не е поевтино од крадено дрво. Ако сакаме  ваквите политики да ни успеат треба да ги засилиме активностите. Апелирам и граѓаните  да пријавуваат и отворено да зборуваме дека прво тоа е нелојална конкуренција, мотивира незаконски дејствија и создава мал милион негативни последици од неговото практицирање, рече Заев.

Тој верува дека бројката за бесправна сеча е намалена заради сите засилени контроли. Истакна дека во Буџетот се зголемени средствата за дополнително обезбедување теренски возила за шумската полиција чии вработени добиле дополнителни надлежности  покрај редовните контроли за дополнителен начин на мониторинг.

Треба да знаете
Последни објави