Search

Заев: Се ќе биде појасно по второто сведочење на Верушевски

„Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање“ изјави Зоран Заев во интервју за „Глас на Америка“, а во врска со сведочењето на поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевскибна последното рочиште за „Таргет-Тврдина“. Разузнувачот рече дека по неговото приведување „бомбите“ во СДСМ биле „модифицирани и компромитирани.“

-Јас имам, буквално, на дневна основа разговори со моите советници, така и со советникот за национална безбедност, господинот Верушевски. Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјал демократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјал демократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата, вели Заев.

Треба да знаете
Последни објави