Search

Заев се сретна со Могерини пред состанокот на лидерите од Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел имаше билатерална средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Средбата се одржа пред почетокот на неформалата средба на шефицата на дипломатијата на ЕУ со лидерите од Западен Балкан.

Како што објави на твитер портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчиќ, на неформалната средба на лидерите од Западен Балкан со Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан ќе се разговара за актуелните случувања во регионот, за постигнувањата на земјите во изминатата година и за приоритетите во наредната 2019-та.

На средбата ќе присуствуваат и претседателите на Србија, Црна Гора и на Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, како и премиерот на БиХ Денис Звиздиќ. Покрај со Заев, Могерини пред мини самитот одржа билатерална средба и со шефот на црногорската држава Ѓукановиќ. Поради претходно закажани обврски, на сосатнокот на лидерите од Западен Балкан не присуствува албанскиот премиер Еди Рама

Треба да знаете
Последни објави