Search

Заев од трибина: Од една страна сме јас, Шеќеринска и НАТО, од другата се Груевски, Мицкоски, Дурловски и насилството во парламентот

„Тргнавме да ги решиме НАТО и ЕУ и успеавме, сега вака со интегрирана држава многу е полесно. За разлика од нас, Дурловски, противкандидатот на Шеќеринска. ништо не го интересира, само пари, власт и моќ, празни се внатре, немаат суштина, и Дурловски, и Милошоски, и Николовски, и Мицкоски, сите му се и десна и лева рака на Груевски. Тој од Будимпешта им ги направи листите. Ние немаме друга татковина, имаме обврска да носиме храбри одлуки за нас и за нашите идни генерации. Зарем треба да споредуваме 11 години режим и 2 и пол години слобода. Еве, направете сами разлика, од една страна ја имаме Шеќеринска која ја внесе државата во НАТО, а од другата Дурловски, кој ако влезе во параламентот ќе биде само враќање на местото на злосторството.“- говореше на трибината во Струга, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој потсети дека членството во НАТО е патот на државата кон Европа и од тој пат не смее да се отстапи.

„Сега сме Северна Македонија, признати од целиот свет, имаме имотен лист, имаме лична карта во ООН, таму покрај името Северна Македонија пишува Македонци, македонски јазик. Им благодарам на сите етнички заедници кои беа со нас кога ги исполнувавме нашите заеднички цели за кои умирале нашите претци. Ги исполнивме стратешките цели, влеговме во НАТО и започнуваме преговори.“- зборуваше Заев пред граѓаните на Струга.

Сите успеси на меѓународен план се признати од светските лидери, што значи нашата држава не смее да му се врати на режимот, туку мора да го искористи отворениот простор да оди напред.

„Секаде каде што отидовме во светот за 2,5 години, не за 11 години, распослуваат црвен тепих за вас граѓаните преку нас политичарите, и во Вашингтон и во Њу Јорк и во Берлин, Лондон, Париз, Рим, Варшава и во Виена, насекаде. Ни се поклонија за политиките, за пријателството, за европските вредности. Дојдоа сите лидери овде, дојде Меркел, канцеларката на 80 милионска држава, дојде Тереза Меј, премиерката на Велика Британија, премиерката на 60 милионска држава, Министерот за одбрана на САД ни ја посети државата, канцеларот Курц, премиерот на Чешка, кој ли не дојде. На крајот и папата дојде да изрази почит спрема државата.“- пренесе Заев и ги повика стружани да гласаат за европска држава, за квалитетен живот и за демократија.

Треба да знаете
Последни објави