Search

Заев: Од салата која го носи името на Борис Трајковски ја испраќаме пораката, СДСМ ги почитува вредностите!

Од оваа сала која го носи името на Борис Трајковски, ние ја испраќаме пораката дека има разлика, ние ги почитуваме вредностите, на вистински начин, искрено. Да беше жив ќе се радуваше на успехот и членството во НАТО но сигурно ќе беше разочаран од неговата ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето на денешната голема трибина „На прав пат” во Скопје.

-Денес сме во салата која го носи името на Борис Трајковски. Случајот сакаше токму на ден денешен да се навршуваат точно 20 години од оној 15. декември 1999 година, кога мојот сограѓанин Борис Трајковски ја презеде функцијата шеф на државата, како втор претседател на Република Македонија.  Да беше жив, денес сигурно многу ќе се радуваше на влезот на земјава во НАТО – алијансата, затоа што и тој цврсто опстојуваше на таа линија. Но, да беше жив, сигурно ќе беше разочаран и посрамен од неговата ВМРО-ДПМНЕ и од сите монструозни потези што таа партија ги прави. Меѓу стотиците споменици што ги подигнаа во забеганиот проект „Скопје 2014″, не се најде ниту еден подигнат во негова чест. Ќосето заслужил, ама претседателот Трајковски – не. Арно ама, во мојата и неговата Струмица гордо се издигнува негов споменик, подигнат одамна од Зоран Заев. Нека се знае, како се почитуваат вредностите. Има разлика и тоа голема, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави