Search

Заев од Кисела Вода: На 15 јули избираме напредокот да продолжи уште повеќе, да биде уште подобро за сите

Претседателот Зоран Заев денеска заедно со носителите во изборната единица 1 Никола Димитров и Мила Царовска учествуваше на граѓанска трибина со граѓаните на општина Кисела Вода.
Пред присутните тој порача дека на 15 јули не очекуваат важни избори на кои ќе треба да го потврдиме напредокот, за државата да продолжи по исправниот пат.
– Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место со заокружување на бројот три. Во моментов нема подобра и посигурна опација од СДСМ и Коалицијата „Можеме”. Доказ за тоа е фактот што за три години направивме многу и на домашен економски, но и на надворешен план. Затоа денеска со чист образ ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден, нов и чист мандат, за да ги продолжиме добрите политики, за да продолжи напредокот уште повеќе, порача претседателот Заев, додавајќи дека гласањето на 15 јули ќе биде безбедно по здравјето на граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави