Search

Заев од Гостивар: Таравари не може ни да ги набори проектите кои централната власт ги направи во Гостивар, а не пак да ги реализира

„Како централна власт покажавме дека не ги делиме општините на мали и големи или според тоа кој е градоначалник. Доказ за тоа е Гостивар и бројните проекти во кои инвестиравме. Таравари не знае да ги наброи сите тие, а не пак да ги реализира во Гостивар“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар.
Тој кажа дека централната власт ја поддржа и заврши гасоводната линија Скопје-Тетово-Гостивар, а обезбеди и физибилити студија за проект финансиран од ЕБОР за гасоводна линија Гостивар-Кичево.
„Рехабилитирани се неколку локални и регионални патни правци, санирани се пет мостови на патот А1, изградена е и опремена детска градинка со капацитет за 90 деца, изградени се над пет километри цевковод за водоводна мрежа, обезбедени се 20 милиони денари преку ТАФ за болницата, заменета е опремата и мебелот во трите градинки и уште многу“ наброи премиерот Заев.
Тој додаде дека Владата ќе продолжи да инвестира во проекти што живот значат со цел Гостивар да довбие модерни булевари, улици, канализација во секое населено место, детски градинки, модерни и опремени училишта, урбана опрема, зелени паркови и игралишта. „Следуваат важни проекти и целосна изградба и автопатско поврзување на Скопје со Охрид и Струга преку Гостивар, проект што носи големи перспективи за градот“ кажа Заев.
Треба да знаете
Последни објави