Search

Заев од Битола: Патот е овој, да продолжиме заедно со Стево, за младите, за државата, за сите граѓани

Заев од Битола: Патот е овој, да продолжиме заедно со Стево, за младите, за државата, за сите граѓани
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната трибина во Битола рече дека Република Северна Македонија цврсто чекори напред и правецот во кој се движи земјата е вистинскиот, во интерес на граѓаните.
„Многу е важно да продолжиме напред. Ги отворивме сите прозорци и врати за нашата сигурна и стабилна иднина. Стабилност, сигурност, тоа значи напредок, повеќе пари, инвестиции. Нема друг пат освен овој“ рече Заев.
Претседателот Заев повика на масовна излезаност во недела на 5-ти мај, граѓаните да направат чекор за себе, за своите деца и својата земја.
„На 5-ти се одлучува иднината на нашата земја. Илзезете и заедно да ја обезбедиме“ повика Заев.
Претседателот на СДСМ порача дека напредокот е препознаен од демократските земји и пријатели од ЕУ и дека очекува ова лето нов исчекор на патот кон Унијата.
„Ги слушам од опозицијата навиваат, лажно се радуваат, велат дека ова лето ќе немало одлука за датум за преговори на ЕУ. Е ќе има датум! Убавите вести доааѓаат за нашата земја. Ова лето имаме одлука за почеток на преговори, за нови фондови од ЕУ, одиме напред’ рече Заев

Треба да знаете
Последни објави