Search

Заев: Ова се избори на личности, СДСМ ја има најдобрата кадровска понуда и затоа победува на изборите

Локалните избори се избори на личности, а ние ги имаме најдобрите кандидати за градоначалници и советници а ја имаме и најдобрата програмска понуда, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостување во дневниот на Сител телевизија.
-Тоа го кажаа граѓаните на анкетите кога ги проверувавме кандидатите и нивните програми во нивните општини. Досега покажавме дека сме подобри, не само што државата вложи милиони евра во илјадници проекти туку и самите општини покажаа спремност капацитетност, денес тие се раздолжени и ликвидни и финансиски стабилни. И затоа веруваме дека ги имаме најдобрите личности и најдобрите програми и очекуваме на 17ти октомври тоа граѓаните да го потврдат. Задоволство е кога ќе ги поминете сите 650 села во државата и сите 34 градови заедно со градот Скопје и ќе видите дека насекаде  реализирани голем број проекти. Реализиравме над 7.000 проекти во речиси 680 населени места и задоволството кај граѓаните е многу големо и многу е логично да се очкува многу повеќе. Има уште што да работиме на локално ниво, генерално државата е средена со водоводи но треба да работиме на канализации, затоа што сме 21 век. Тоа како и изградбата на детски градинки, на училишта на паркови, на заштита на животната средина, сето ќе се приортетите на кои ќе се посветиме во следните четири години, изјави Заев.
Запрашан што би им порачал на идните градоначалници, Заев истакна дека тие треба да си ги слушаат своите сограѓани, да му служат на народот, а не да владеат со народот, да бидат фер и правични кон распределување на средствата и да помагаат во решавање на проблемите.
Заев најави повеќе пари за општините од идната година за да можат да реализираат што повеќе проекти.
-Со новата фаза на децентрализацијата општините стануваат уште повлијателни и ќе бидат повеќе капацитетни да ги испорачаат очекувањата на граѓаните. Со тоа и со поддршката од централно ниво на Владата која е ориентирана про општините, дефинитивно ќе реализираме неколкукратно повеќе проекти што живот значат на локално ниво, заклучи Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави