Search

Заев: ОБСЕ/ОДИХР се изјасни дека ќе има набљудувачка мисија на изборите на 5 јули

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР  денеска јавно се изјасни дека тие се подготвени да испратат мисија за набљудување на парламентарните избори. Денеска и Министерството за надворешни работи достави писмо дека изборите по закон и по Устав треба да се одржат на 5 јули, така што и тоа е утврдено, информираш претседателот на СДСМ Зоран Заев, за емисијата „Клик плус” на ТВ 21.

„Никој не очекува мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде како што беа набљудувачките мисии пред да се појави коронавирусот. Но, мисија ќе има овде. На крајот на денот ризикот за нарушување на изборниот процес е помал, затоа што нема групирање. Во оваа ситуација однапред има поголема гаранција дека изборите ќе бидат фер и демократски, бидејќи и кампањата повеќе ќе биде електронска, преку социјални медиуми, телевизии, билборди… Нема да има големи митинзи, па може и да научиме и друг вид на кампањски приод, кој ќе помогне за уште поголема демократизација на општеството. Секоја криза е можност”, оцени претседателот Заев.

Во однос на надлежностите на ДИК околу организирањето на изборите, Заев оцени дека МВР и ДИК редовно го ажурираат Избирачкиот список четири пати во годината, а последен пат тоа е направено во мај.

„Според Изборниот законик МВР е должно по службена должност да ги впише сите што до 5 јули ќе наполнат 18 години и ДИК тоа го ажурира. ДИК е комплетно подготвен.

Избирачките одбори ќе бидат според посебни протоколи, со заштитни маски и со целосна заштита и за нив и за гласачите”, нагласи Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави