Search

Заев на Националниот сервис: Не само што го сочувавме, македонскиот оган го распламтивме, личната карта во ООН е заокружена

Претседателот Заев на ТВ соочувањето со Христијан Мицкоски потенцираше дека земја членка на НАТО со загарантиран идентитет со отворени перспективи за понатамошен развој и напредок на земјата кон полноправно членство во ЕУ.
„ Почитувани граѓани не само што го сочувавме македонскиот оган , го распламтивме! Македонскиот јазик ќе го има во библиотеките во Рим и  Париз, ќе го има и во Берлин ,Варшава ,ќе се учи македонскиот јазик како службен јазик на Европската унија. Грците го преведоа Блаже Конески за прв пат , а премиерот Мицотакис  од десничарска влада вели дека има една Северна Македонија каде живеат Македонци и зборуваат македонски јазик, а нашиот пријател Бојко Борисов јавно зборува за македонски народ и македонски јазик”-истакна Заев.
Тој додаде дека сега конечно државата има целосна лична карта во Обединетите нации.
„Личната карта на земјата во ООН е заокружена, пишува Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, бидејќи мнозинството граѓани сме Македонци, а имаме и други етнички заедници, многу логично и нормално за мултиетничка земја. Понатаму, пишува македонски јазик, нема ниту фуснота ниту придавка, ниту додавка. Почитувани граѓани, г-динот Мицкоски вели дека ќе ги поништи договорите. Повторно ќе не изолира, повторно ќе не скара со Бугарија и Грција. Имавме шанса да покажеме дали ги заштитивме св. Кирил и Методиј, св. Климент и Наум и цар Самоил. Ништо не изгубила Северна Македонија ниту македонскиот народ, ниту македонскиот јазик. На тој начин ќе го потврдиме Гоце Делчев и како Македонец, како револуционер, како човек којшто гледал на светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Тоа е мудроста на политиката којашто ја водиме ние. Која носи успеси, која носи радост, македонско знаме во Брисел пред НАТО, македонско знаме во Брисел пред Европската Унија, а притоа ќе донесе и повисоки плати и пензии, нови инвестиции, работни места, информатички технологии, ќе ја донесе Европа овде дома, за да останеме дома. Сето друго е само закана, изолација, горчини, гнев и уназадување на државата.” истакна претседателот Заев.
Треба да знаете
Последни објави