Search

Заев: НАТО и ЕУ се завршена работа, се посветуваме на домашен план и ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро

Овие избори и оваа изборна кампања се поинакви, затоа што нема повеќе ветувања дека ќе бидеме дел од НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа, истакна претседателот на СДСМ и носител во изборната единица четири Зоран Заев во гостувањето во емисијата Утрински брифинг.

– Дел сме од НАТО, 30 членка сме, почнуваме и преговори со ЕУ. Со соседите сега сме пријатели и очекуваме нивна поддршка во идните процеси, ние надвор ги завршивме работите, сега натпреварот ќе биде што ќе направиме дома. Сега нема Албанци, Бугарија, Грција, НАТО, сега дома ќе работиме на економијата. Фокусот го ставаме на домашните реформи порача Заев, додавајќи дека во следниот период, во следните 4 години, СДСМ и новата Влада ќе покажат дека можat уште повеќе и уште подобро.

Треба да знаете
Последни објави