Search

Заев: Министерството за правда не ги примила амандманите од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев во текот на вечерашната дебата во емисијата „Само Вистина“ на телевизија Канал 5 рече дека амандманите за Законот за обвинителство ВМРО-ДПМНЕ не ги поднело до Министерството за правда, како што тоа го кажа лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
И од Министерството за правда вечерва соопштија дека ВМРО ДПМНЕ не доставило амандмани за предлог законот за јавно обвинителство, иако Мицкоски изјави дека биле доставени 65 амандмани до Министерството за правда.
Мицкоски, пак, тврди дека амандманите се поднесени и доставени до Архивата на министерството и на Европската комисија.
Заев рече дека се уште не е информиран за амандманите, бидејќи бил на ручек со амбасадорите на земјите од Европската Унија, на што Мицкоски одговори дека амандманите биле доставени неколку часа пред да започне емисијата во која гостуваат.
Треба да знаете
Последни објави