Search

Заев: Како солидарна нација треба да нудиме помош и поддршка на пациентите, а не да стигматизираме

„Како здрава и солидарна нација мора да помагаме и да даваме поддршка на инфицираните, а не да стигматизираме и да покажуваме со прст кон нив”, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев на денештото гостување во Канал 5.

Тој нагласи дека во таква ситуација може да се најде секој од нас, од нашите семејства и блиски и затоа мораме заеднички да ја пребродиме оваа здравствена криза.

„Не се согласувам со стигматизирање, со маркирање. Секој мора да се стави во нивна ситуација. Ние треба да им се најдеме на луѓето, да им помогнеме да го пребродат тоа побрзо. Стигматизирањето и покажување со прст е лошо”, порача Заев.

Според него, институциите досега успешно се справуваат со кризата, ние сме добар пример во менаџирањето на кризата и според Светската здравствена организација, и сите сме благодарни за тоа.

-Ние сме една од првите земји што ги воведовме мерките за заштита, за жал граѓаните не ги почитуваа целосно и моравме да посегнеме по нови мерки, посторги мерки.Јас прв дадов предлог за воведување вонредна состојба, опозицијата прво бараше кризна состојба, а потоа се корегираше, по состанокот кај претседателот Пендаровски, каде се согласивме дека нема услови за избори, рече Заев.

Тој додаде дека мерките се соодветни, донесени од стручни лица од  комисијата за заразни болести, штабот во Владата, тимот на Министерството за здравство и треба да ги почитуваме.

-Водиме грижа, не сме оставиле лекари, здравствени работници, припадници на полицијата и на војската незаштитени без заштитни средства, каде имало проблеми веднаш сме се корегирале, нагласи Заев.

Треба да знаете
Последни објави