Search

Заев и Николовски: Со ваквите крупни инвестиции во системи за наводнување обезбедуваме услови за поквалитетно земјоделско производство

 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваа на настан посветен на почеток на градежни работи на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.

„Денеска, започнува да се гради системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза. Со реализацијата на овој проект, придонесуваме валандовскиот регион да добие квалитетен систем за  наводнување на земјоделските површини. Преку оваа инвестиција создаваме поволни услови за земјоделското производство да биде поекономично, а земјоделците да имаат помали трошоци а поголеми приходи. Поради сегашниот дотраен систем за наводнување, земјоделците трпат загуби во производството, а со изградбата на новиот модерен систем се очекува драстично намалување на трошоците за вода.

Со реализацијата на втората фаза од овој проект ќе се овозможи квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион, поточно во регионот на Јосифово и Пирава. Вредноста на Проектот за наводнување на јужната доилна на реката Вардар, втора фаза, е над 24,3 милиони евра. Оваа вредна капитална инвестиција ќе придонесе за производство на конкурентни производи од овој наш голем земјоделски регион“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Премиерот Заев додаде дека ефикасното управување и инвестирање во водостопанската инфраструктура, на што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи, ќе овозможи доволни количини на квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини во целата држава.

„Изградбата на современ систем за наводнување во овој регион, е од исклучително значење за земјоделците, за навремена достапност на вода за наводнување на површините, што е особено важно во летните периоди.Системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, се состои од главна и секундарна мрежа со вкупна должина од 85 километри, односно замена на главниот отворен канал во затворен гравитациски канал на пупмната станица Удово и пумпната станицата Страиште во должина од околу 9 километри и дополнителна секундарна терцијална и дистрибутивна мрежа. Изградбата на новиот модернизиран систем за наводнување ќе придонесе за зголемување на обработливите наводнувани површини за производство на земјоделските култури кои се важни за овој регион. Конкретно со реализацијата на проектот ќе се овозможи наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина во валандовскиот регион. Со тоа, ќе се создадат услови за одржлива употреба и управување со природните и водните ресурси, што ќе придонесе за подобрување на условите за живот во валандовскиот регион  и за зголемено и конкурентно земјоделско производство. Вкупната инвестиција изнесува над 24,3 милиони евра, од кои дел од парите се од буџетот на МЗШВ, а дел се кредит и грант од германската развојна банка „KfW“. Целата тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи беше спроведена транспарентно и професионално , преку меѓународен отворен јавен повик. Кон средината на март го потпишавме договорот со изведувачот на градежните работи, компанијата „Штрабаг“, и еве сме денеска тука да ја означиме изградбата. Комплетната реализација на проектот очекуваме да заврши во 2021 година“, рече министерот Николовски во своето обраќање.

Тој додаде дека Изминативе две години започнати се крупни капитални инвестиции во воводостопанството, како што се браната Конско, Пишица, системите Равен речица, проектот со ЕУ за мали еколошки системи за наводнување и други, коишто ќе овозможат наводнување на нови 32.500 хектари. Целта е да се обезбедат услови за поквалитетно земјоделско производство, поголем приход за земјоделците, а со тоа и поголем економски раст.

 

 

Треба да знаете
Последни објави