Search

Заев: Избори на средината на јуни, заеднички став на коалицијата „Можеме”

Да се искористи моментот на олабавување на коронавирусот и да се оди на избори во средината на јуни, поточно на 14 јуни, е заедничкиот став на коалицијата „Можеме” што се изгради на денешниот состанок на претседателите на партиите од коалицијата во седиштето на СДСМ, а кој ќе биде претставен на лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски.

-Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата.

Тој нагласи дека кризата со корона вирусот остви сериозни последици на економијата и затоа, како што кажа, се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/239906043887006/?__xts__%5B0%5D=68.ARAmFCxnRg18P5xabxtkhjWTkZ-8pnPr2xqmscRNcGSG0L-scnZ9720QnXcZHfS39FQ-TveYdfWKMfPY4A7GG2Ge3ZECvAqROqnsx7jWIWVNPETLSNOxe4KQWq4L5TeYHO_orfZHXDPK3-SKBPTpsyZN0PKBCV-Yp5yPYUQa-en41b6W_Q9pbwqWoGMiULSRCugnaowFFnnMRYmtaoS7M4S2ho2a-6KgDgSYLORn9umYvXsL-fvTUyqXRMxLKUSCcCZa8pAHNoBqsqmjra4FoL3Q1A3v_Rfpx64brSQXMVzP4FYrBGyPt86PJ2xA9_8aTvVQub9Dk9FlNUQEL0sO9Pgc&__tn__=-R

Кризата со коронавирусот, потенцира, остави сериозни последици врз економијата и затоа, како што кажа, се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за надминување на економската криза. Според него, и други држави од околината во периодот на олабавување на пандемијата одат на избори, а охрабрува и фактот што Мисијата на ОДИХР може да се организира и да прати набљудувачи.

-Нашата држава навремено и соодветно презеде мерки и добро се справува со коронавирусот, но не треба опуштање и затоа апелираме граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки од надлежните здравствени институции, потенцира Заев.

На лидерската средба кај Пендаровски очекува да биде постигнат консензус и да биде дефиниран датум за одржување на изборите согласно препораките од Комисијата за заразни болести и да се говори за начинот на водење на кампањата.

Прашан како ќе може да се спроведат изборите, лидерот на СДСМ рече дека тоа треба да се направи согласно препораките на здравствените комисии, а партиите заедно да се договараат и да ги прецизираат деталите како ќе се организираат изборите.

-Постојат препораки и досега размислувани и во светот и дома за организирање на изборите. Не верувам дека има потреба да се менува Изборниот законик, но не сум стручен, нека кажат правниците заради носењето на маските и идентификација на гласачите. Верувам дека со маска на лицето и со дезинфициенс на влегување и на излегување тоа можеме да го регулираме, но оставам тоа да го кажат стручните здравствени комисии, рече Заев и додаде дека не е добро на избори да одиме на 40 степени кога улиците се празни и луѓето се надвор од државата на одмор.

На прашањето дали очекува валкана кампања, Заев рече дека не посакува и се надева дека нема да има валкана кампања, додавајќи дека граѓаните доминантно неспоредливо повеќе ставаат внимание на тоа што им се нуди и програмски, но и кадровски во делот на нивната одлука, отколку негативни кампањи. Тој апелира да се избегнува таков начин на кампањско однесување.

Треба да знаете
Последни објави