Search

Заев за TB 24: Првиот момент кога треба да се оди на избори треба да го прифатиме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа, потенцираше дека нема поважен приоритет од здравјето и ако состојбата не дзоволува избори, тоа треба да се земе в предвид.

„Како одговорни политичари треба да заземеме ставови со аргументи. И ние сакаме порано зошто никогаш не знаме дали ќе има нареден бран на вирусот. Дај боже да нема, но што ако сепак се случи? А во декември истекуваат четиригодишните мандатите тогаш ќе имаме уште поголема криза.“ – рече Заев.

Тој рече дека сега сме без Парламент и сме со техничка влада. Со свикувањето на Парламентот паѓа желбата во јуни да се оди на избори. Во однос на епидемијата, Заев потенцираше дека изборите ќе бидат поинакви и граѓаните треба да знаат за кого да гласаат.

„Избирачкиот ден одиме со маски, се прави идентификации, дезифицијанцот е задолжителен. Тоа е сепак една проекција. На лидерската средба после 7 дена ќе биде поинаква состојбата. Нема наеднаш да се појавиме и да не снема. Првиот момент да се оди на избори треба да го прифатиме. Анкетите и пред епидемијата покаа дека рејтингот на СДСМ е пораснат. опозицијата не треба да бега од избори.“ – рече Заев.

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/521597795125389/

Треба да знаете
Последни објави