Search

Заев за Ковачки: Спорно е воено лице да врши функција во МВР

Премиерот Зоран Заев, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека за предлогот за министер за внатрешни работи спорно е воено лице да врши функција во МВР, бидејќи за таа должност треба да се назначи лице кое е цивил последните три години.

Мицкоски во својата изјава не соопшти име, но Заев кажа дека станува збор за воено лице притоа поставувајќи дилеми дали тоа е во согласност со Член 97 во Уставот, Законот за внатрешни работи и Законот за служба во армијата.

Тој децидно не го отфрли предлогот за технички министер, иако посочи оти верува дека ова не е единствен кандидат на опизицијата доколку се покаже како спорен, и дека верува оти ќе најдат заеднички јазик по ова прашање.

-Се јаввува и една дилема за минатите времиња за г. Силјан Аврамоски, Митко Чавков или други имиња, тие се овластени лица, тоа не значи дека овластено лице не е цивилно лице. Овде е проблемот што имаме воено лице дадено и каде што Уставот дефинитивно јасно определува дека со одбрана и со полицијата раководи цивилно лице коешто било цивилно лице најмалку 3 години. Значи и минато може да има како воено лице кандидат ама барем последните три години да биде цивилно лице како пензиониран генерал, полковник или слично. Немаме ние никакви предрасуди за кандидатот, тоа е право на опозицијата и тие треба навистина да си го номинираат својот кандидат. Јас ова име првпат го слушнав иако е полковник во нашата армија, воено лице, но секако Уставот, Законите треба да важат во државата, затоа имаме уште неколку денови. Јас сум на отворена линија и нашите советници од двете политички партии се на отворени линии, за ова прашање да се изнедри во јавноста. Еве и стручната јавност ја повикувам секако МП, МВР, еве и одбраната, доаѓа од одбраната кандидатот како воено лице да го искристализираме самиот предлог за да можеме на крајот да не испадне да доведеме некој во состојба спротивно на устав да генерира и формализира предлози пред Собранието заради тоа што Собранието на крајот може да донесе и непријатна одлука. Заради тоа што таму се пратениците тие коишто конечно и одлучуваат. Од тој аспект сакам да заокружам дека во понеделник ќе ги знаеме и другите имиња, очекуваме да биде принципот важен, пред се етички да не бидат лица секако гонети или под обвинение од ЈО во државата и очекуваме да се изнедри до тогаш и ова прашање за да можеме да бидеме почисти пред граѓаните заради тоа што сите функционираме и постоиме за граѓаните, рече Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави