Search

Заев за инцидентот во МНТ: Koj е виновен ќе одговара

Премиерот Зоран Заев ги повика организаторите на прослава во петокот во која беше уништен инвентар на Македонскиот народен театар да си понесат одговорност и да ја надоместат штетата, пишувa „A1он“ .

Според Заев, иако СДСМ е против градбите од проектот „Скопје 2014“ , тие се сега државна сопственост и никој нема право да го крши инвентарот.

-Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Јас бев информиран дека учествувам во првиот дел на активностите, а тоа е делот на одбележувањето на Денот на албанската азбука, без присутен таму, останав дури малку и на коктелот и заминавме. Ми кажаа дека има втор дел, за млади. Вториот дел испадна дека и не била толку културна манифестација. Треба да си понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа, рече Заев.

И од Владата на Република Северна Македонија информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена.

-Владата го оценува несоодвеното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар, и истото најостро го осудува. Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење. Владата на Република Северна Македонија очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа Македонски народен театар и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување, велат од Владата.

 

Треба да знаете
Последни објави