Search

Заев за Илинден во Пелинце, Иванов на Мечкин Камен

Овој четврток ќе се прослави Националниот празник Ден на Републиката, 2 Август Илинден кој е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

По тој повод претседателот на македонското Собрание Талат Џафери ќе биде во Скопје, додека шефот на државата Ѓорѓе Иванов ќе биде на Мечкин Камен.

Премиерот Зоран Заев пак за празникот ќе присуствува во Пелинце. Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година.

Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена.

Треба да знаете
Последни објави